ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите задачи според закон и овластувања.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е ВЕЛО СИТИ ДОО, со седиште на ул. Јордан Мијалков бр3, Скопје, Република Северна Македонија.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии податоци собираме
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
Посетители на нашата интернет страна www.skiroli.mk
- Вообичаено собираме податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. за да обезбедиме перосонализирани реклами на социјалните мрежи и да го анализираме нашиот сообраќај Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња.
Регистрација
- Не е потребна регистрација за да се користи оваа веб страница. Регистрацијата е неопходна само при комплетирање на нарачката и тогаш од купувачите се бара да ги внесат следниве податоци: име, презиме, е-mail адреса, корисничко име, лозинка. телефонски број, со цел за полесно комуницирање при доставата.
Нарачка
- При процесот на наплата skiroli.mk ги побарува следниве податоци од купувачот: име, презиме, контакт , е пошта и адреса за испорака.
ПРИ ПРОЦЕС ЗА ИНФО КОГА БАРАТЕ ДА БИДЕТЕ ИЗВЕСТЕНИ КОГА ПРОИЗВОДОТ КЕ БИДЕ ПОВТОРНО НА ЗАЛИХА
- При процесот на информација дека производот е повторно на залиха skiroli.mk ги побарува следниве податоци од купувачот: име, презиме, е пошта
Категории на податоци кои се обработуваат
- Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на VELOSIPED.MK;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 180 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.
- Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за посета и продажба.
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email и потпис. Во нашите Годишни извештаи вообичаено се наведуваат статистички податоци за бројот на посети, во форма која не открива нечиј идентитет.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
• преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
• преку нашиот email: info@skiroli.mk
• преку пошта,
• по факс,
• усмено.
За усните барања, се подготвува записник кој се потпишува од страна на лицето кое го поднело усното барање и од страна на лицето вработено во VELOSIPED.MK, кое го составило записникот и заведено во архивата на VELOSIPED.MK
Категориите на корисници на лични податоци
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на VELOSIPED.MK, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
- во случај на ангажирање на даватели на услуги ако VELOSIPED.MK ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на VELOSIPED.MK и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
- По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на VELOSIPED.MK
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот:
Oфицер за заштита на лични податоци, Caшо Петров на следниов e-mail: sashopetrovmk@gmail.com 070288333
Право на поднесување на барање до АЗЛП
Ако сметате дека начинот на кој VELOSIPED.MK ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, по која ќе постапува , согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.